Средба на МНР Димитров со новиот бугарски Амбасадор во Република Македонија

Сподели

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го прими амбасадорот Ангел Ангеловкој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.

Покрај протоколарниот дел, на средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, како и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување. Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за  пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.

Соговорниците ја реафирмира посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.

Министерот Димитров, на амбасадорот Ангелов му посака срдечно добредојде и успех во неговиот дипломатски ангажман во насока на понатамошен развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји.