Средба на Началникот на Генералштабот со амбасадорката Агелер

Сподели

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е Анџела Агелер.

На средбата, се разговараше за континуирано одличната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, кои се наш стратешки партнер.

Генералот Лафчиски ја истакна одличната соработка помеѓу нашата Армија и Вооружените сили на САД, која најдобро се огледа преку програмите за поддршка во разни сфери во одбраната и многубројните донации кои придонесуваат во високата интероперабилност и подготвеност на нашата Армија.

Соработката со ВС на САД во досегашниот период е најизразена преку Партнерската програма за соработка со Националната Гарда на Вермонт која и после 30 години продолжува да се развива во нагорна линија.