Средба на претседателот Пендаровски со генерал-полковник, Сенад Машовиќ

Сподели

 

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го прими генерал – полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

 

 

На средбата беа разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, и заедничкото учество на двете армии во странски мировни мисии.

Претседателот Пендаровски и генерал – полковник Машовиќ на средбата разговараа и за можностите за зајакнување на меѓусебната соработка во функција на поголем придонес на билатерален и на мултилатерален план. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО ќе продолжи со добрата армиска соработка со Босна и Херцеговина.

Претседателот Пендаровски додаде дека е одлична можноста припадници на нашата Армија да се дообучуваат во центрите за обука на Босна и Херцеговина, а на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје да се образуваат питомци од Босна и Херцеговина, со што воената обука и образование ќе придонесуваат во развојот на армиската соработка.