„Ова беше за нас изненадување. Прво уште не знаеме што точно се случило. И ако една работа сакаме да направиме во регионот, тоа е нова Македонија што се роди по 27 април дека е цврсто убедена дека сака да оди напред, но не можеме да одиме сами, никаква логика нема да одиме сами, време е да го мрднеме целиот регион напред“, соопшти Никола Димитров.
„Јас му укажав на мојот колега на сознанијата од нашите безбедносни слби, тие не се однесуваат на владата туку на безбедносните сектори. Дали е тоа со учество на странски фактор не е наша цел за тоа да зборуваме. Тоа значи, да не бидеме ние колателарма штета на глобалните политички меѓународни односи. Србија не сака да биде обвинета за нешто што никогаш не го правела против Македонија“, истакна Ивица Дачиќ.