Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г. Оливер Спасовски и Директор за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски со Амбасадор на Италијанската Република Н.Е. Андреа Силвестри и Потполковник Масимо Пани воедно Експерт за безбедност на Амбасадата и офицер за врска.
На средбата двете страни изразија голема благодарност за одличната соработка која трае веќе со години. Истовремено нагласија дека односите помеѓу двете земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста на двете земји.
Политичките односи бележат нагорен тренд особено по интензивната размена на посети на високо и највисоко ниво во последниот период.