Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство.
-“Разговаравме за приближувањето на ставовите на двете земји во врска со договорот за добрососедство, останува уште многу малку и заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија на 2 август. Се договоривме тогаш да го потпишеме договорот за меѓусебно разбирање. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред спомениците на нашата заедничка историја. Првпат тоа ќе го направиме денеска, кога ние ќе се поклониме пред споменикот на цар Самоил во Софија” – изјави Заев.
Македонија бара Бугарија да и помогне на патот кон Европската унија, како земја која е следен иден претседавач со Унијата, а Бугарија вети дека ќе се залага за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
Разговарале за тоа во Софија да се именува улица по името на покојниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, додека во Скопје да се именува улица по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.
Борисов порача дека Македонија има историска шанса да ги направи да се чувствуваат добро на патот кон ЕУ. Тој најави дека ќе разговара со своите колеги во Бирсел за пристапот на Балканот во ЕУ.
„Ние сме за единствена Македонија и за членствот во НАТО и ЕУ“, рече Борисов. Двајцата премеир ќе го посетат спмнеикот на Цар Самоил во Софија.
Ова се дел од пораките што ги испратија македонскиот премиер, Зоран Заев и неговиот колега, Бојко Борисов по средбата во Софија.