Средношколски протест против аерозагадувањето „Нема воздух, нема мир“

Сподели

 

Стотици средношколци со транспаренти на кои пишува „Сакаме да дишеме “ протестираа пред Собранието и продолжија пред министерството за животна средина каде се соединија со соученици од многу училишта.

Со извици „ Дајте воздух“ и „Други се богатат, ние се труеме“ маршираат низ центарот на градот кон Владата. Големата група ја предводат млади со тапани и огромен транспарент „Средношколците сакаат да дишат”.

„Маршот за воздух“ го организираа триесетина граѓански иницијативи кои се борат против загадувањето на воздухот. Поворката е следена од полициски службеници, а редарите на #ЗеленФронт се тука дополнително да ја пратат насобраната толпа.