ССК потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот Центар за Трговија

Сподели

 

Во ССК потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот Центар за Трговија ( ITC ) се оддржа средба на која присуствуваа претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска директор на Вита Нова и Др. Тристан Еванс заменик претседател на ITC( International Trade Council), а свое видео обраќање имаше и Џејмс Семјуел Јорк Главен извршен директор на ICTTM (The International Centar of Trade Transparency Limited )

Нa состанокот се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и ITC – Меѓународен центар за трговија, која е фокусирана на решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеноста со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентноста на синџирите на снабдување, со фокус на „де-ризикување на синџирот на снабдување“

ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен ADAMftd („Напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“) кој ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици, а по завршувањето на првата фаза од развојот на ADAMftd, ITC има намера да направи приоритетна инвестиција во Северна Македонија.

ITC го препознава растечкото економско значење на Северна Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување. Сојузот на стопански комори  прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет (ITC), кој за компаниите е одлична можност за проширување на својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија, вмрежување и конекции со потенцијални партнери.