Со примена на Законот за нефер трговски практики ќе се регулираат односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, кој треба да обезбеди примена на трговски практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи.
Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.
Според Законот, силата на супериорна преговарачка моќ е регулирана во прагови на остварен вкупен годишен приход од продажбата на производи и услуги искажан во годишната сметка и во годишниот финански извештај, односно билансот на успех на купувачот и добавувачот.
“Ставот на ССК е јасен за законот за нефер трговски практики, ние нашите предлози ги поднесовме до сите релевантни институции навремено, предлог за сите основи прехрамбени производи кои се со 5 % и 10 % данок, со неговата примена македонската економија треба да биде пазарно ориентирана и во согласност со европските движења и на македонската економија е потребен реформски процес на либерализација, со носењето на законот ќе има порамноправен третман и ќе намали јазот на мали и големи компании. Ако се укинат предложените мерки, законот ќе нема во целост да може да се применува, каде е потребно државата по европски терк да ги регулира цените, ќе се зголеми конкурентноста и легитимно право како потрошувачи да го избереме најдобриот производ. Законот на долг рок ќе има бенефит и на големите маркети, заради присутност на он -лине продавници кои се ценовно конкурентни и заради он -лине купување кој е веќе тренд и многу застапен кај купувачите. Дополнителен проблем се царинските стапки, македонските царински стапки во однос на европските се до 3-5 пати поголеми, самите производители во целокупното деловно работење им е предизвик како да успешно функционираат, каде одредени производи имаат 30-40 % поголеми царински стапки во спредба со европските. Потребено е на македонската економија економски натпревар за пристојни цени, досегашниот ситем го гуши тој натпревар,долгорочна стратегија и со примената на овој закон производите ќе го добијат своето место ,и најмалиот производител да биде застапен на пазарот”, истакна Ангелоски.
При склучување на договор за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, добавувачот и купувачот се должни на јасен и недвосмислен начин да прикажат објективна и разумна проценка за трошоците и плаќањето по единица, или вкупно плаќање, според утврден ценовник на купувачот. Во ценовникот на купувачот треба да се наведени цените односно износите врз основа на кои ќе се пресметуваат надоместоците за наведените точки.
Висината на сите надоместоци вкупно не смее да биде повисока од 10% од остварениот промет во тековната година, кои јасно ќе се искаже во договорите според новиот закон за нефер трговски практики, посочија од ССКМ.