Стапи на сила прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас

Сподели

 

Изутринава стапи на сила договорениот прекин на огнот меѓу Израел и милитантно исламистичкиот Хамас.

Прекинот на огнот започна во 7:00 часот и ќе трае четири дена. Можно е негово продолжување до десет дена, соопшти емиратот Катар, кој посредува во конфликтот. Катар, Египет и САД следат дали се почитува примирјето, пренесува Дојче веле. Во 16 часот по локално време (15 часот по средноевропско време), како дел од договорот меѓу Израел и Хамас, трба да бидат ослободени првите 13 заложници држени во Појасот Газа. Се работи за жени и деца.

За возврат, за секој ослободен заложник од израелските затвори ќе бидат ослободувани по тројца палестински затвореници. И тука станува збор за жени и малолетници. Во текот на четирите дена примирје, Хамас сака да ослободи вкупно 50 млади жени и деца. За возврат, Израел ќе ослободи вкупно 150 палестински затвореници./Дојче веле