СТАРЏЕН: СО НОВ ЗАКОН ШКОТСКА Е ПОДГОТВЕНА ЗА НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗАВИСНОСТ

Сподели

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) и прв министер на Шкотска, Никола Старџен изјави денеска дека нејизната Влада подготвила закон за нов референдум за независност на покраината.

nikola-sardzwn

На партиската конференција во Глазгов таа на делегатите им соопшти дека законот ќе биде објавен во текот на идната недела. Ваквиот потег на шкотската Влада и на водството на СНП, претставува прв чекор кон организирањето на уште еден референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија.

Првиот референдум се одржа на 18 септември 2014 година и на него 55%  од Шкотланѓаните се определија за останување на Шкотска во рамките на Обединетото Кралство. Други 45% беа за отцепување.

– Шкотска има право да бара нешто подобро за себе, наместо перспективата за нестабилна иднина, доколку остане во рамките на Британија, рече Старџен.

Таа порача дека е „наполно сигурна оти земјата ќе може да го преразгледа прашањето, уште и пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, доколку тоа се покаже како потребно за да се заштитат шкотските интереси“.

На референдумот од 23 јуни, големо мнозинство од 62% од гласачите во Шкотска се определија за останување во ЕУ и против Брегзит. Веднаш по таквата разврска на реферефдумското изјаснување, Никола Старџен му порача на Лондон дека по определбата за Брегзит „многу е веројатно“ дека ќе има нов референдум за отцепување.

Старџен тогаш рече дека Шкотланѓаните не може да ја врзуваат својата судбина за волјата на мнозинството Англичани да бидат надвор од ЕУ, спротивно на волјата на мнозинството гласачи во Шкотска.