„Статуафест” во Гевгелија

Сподели

На 23. септмври на градскиот плоштад во Гевгелија ќе се одржи „Статуафест”, уличен уметнички фестивал за живи статуи, поддржан од Министерството за култура на како дел од проектот „Нов културен бран”.

Од Театроск истакнуваат дека ваквиот вид уметност е многу специфичен, но исто така и многу малку застапен во нашата земја. Овој проект е со цел да се доближи овој вид на уметност до граѓаните.

На “Статуафест” ќе учествуваат седум изведувачи – живи статуи, двајца актери кои ќе ја изиграат уличната танго – пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, Марија Бејкова и Дарко Велјиќ и како заокружница на целиот настан со свој ДЏ сет ќе настапи ДЏ Чарли.
Како живи статуи ќе настапат: Театроск – „Лулашка“, Д Дарлинг – „Виолинистка“ Филип Илиев – „Принцот“,  Тони и Фона – „Чаплин и детето“, Дарко Велјиќ – „Човекот на клупата“.

За време на настапот на статуите пијано – акустичен музички сет ќе имаат Наталија & Влатко.
Фестивалот почнува во 18:00 часот и ќе трае до 23:00 часот.