Владата штотуку и порача на ЕУ. Баш не брига за вашите санкции. Претставникот на ММФ од Македонија го набркавме да не не контролира како ги трошиме парите. И сега можеме да си позајмуваме пари до бесвест со најповолни камати за Дојче банк со седиште во Лондон. Со нови 650 милиони евра може да ги купиме изборите кога и да бидат организирани.
Хрватска се откажа од емитувањето евро обврзница затоа што не можела да си дозволи да плаќа на неа камата од 5%. Но што тоа за Македонија со најуспешната економија во регионот. Сега пак ќе повторам дека Груевски кој и натаму стои зад сите вакви одлуки се однесува како: пијан коцкар, ексцентричен милијардер и ориентален деспот.
Тој сите напори на САД и на ЕУ за враќање на Македонија во нормалноста ги става под нозе. Се е за него една обична тоалетна хартија.
Тој со овие задолжувања веќе не го уништива животот само на сегашните генерации туку ги осиромашува и задолжува се уште неродените кои ќе треба да ги враќаат долговите. И мора да постои начин да се запре ова негово лудило. #протестирам