СТАВ: Не смее да има вакуум! – Мерсел Биљали

Сподели

 

Уставот е многу јасен освен ако не сакаме така да биде.

   Мерсел Биљали

Член 63 одредува дека пратениците се избираат на четири години, а изборите за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Значи мандатот на стариот состав на Собранието си тече до моментот на верификација на мандатот на новите пратеници. Тоа значи дека во ниеден момент државата не треба да остане вакуум без парламент, како што во ниеден момент не треба да остане без влада (затоа имаме – влада во оставка, техничка влада, преодна влада). Или пак без претседател на државата! Затоа претседателот останува на фукција до изборот на новиот претседател. А ако тој е спречен да ја врши својата функција, тогаш го заменува претседателот на собранието. Значи, не сме да има вакум. И сега како истото да не важи и за собранието како највисок орган на власта?!

Ако се поддржи тезата дека на пратениците им престанува мандатот, тогаш зошто распуштените пратеници продолжуваат да примат плата до верификацијата на новите мандати на новиот состав. А и претседателот на собранието продолжува да биде во својот кабинет и да прима плата, до примопредавањето со новиот претседател.

Уставот предвидува дека конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Е што мајка бара тој ако мандатот му е престанат пред месеци?! Значи се работи за процес, со цел да не се дојде до вакуум состојба. Aктот самораспуштање не може да се третира како крај на мандатот на пратениците, туку зелено светло за нови избори, а никаков вакуум не смее да има. Мора да има технички парламент како што има и техничкта влада. Ние погрешно сме изградиле свест и практика дека со самораспуштањето на парламентот на пратениците им завршува мандатот! А тие продолжуваат да примаат плата како пратеници!!!

А кога Уставот вели дека на пратениците може да им се продолжи мандатот во случај на воена и вонредна состојба, не се мисли за вакви предизборни фази, туку за продолжувањето на мандатот над четири години до нормализација на состојбата.