Новак Џоковиќ дефинитивно ќе може да настапи на последниот тениски гренслем во годината УС Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.
Американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Таа беше воведена од поранешниот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.
Горниот дом на Соединетите држави гласаше со 68 „против“ и 23 „за“ за ставање крај на вонредната состојба. Сите гласови против се од претставници на Демократската партија.
Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, наспроти 192 за укинување на декларацијата.
Се очекува актуелниот американски претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.
Декларацијата секако требаше да стапи во сила најдоцна до 11 мај, така што и невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во САД.
The post Стигнаа најдобрите можни вести за Новак – Се чека само уште еден потпис! first appeared on .
Powered by WPeMatico