Стоилковски и Арсовски – нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Новинарот Наум Стоилковски и Димче Арсовски се именувани за нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ. Ова било заклучено на вчерашниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак Иво Котевски останува директор на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше новинар, работеше во неделникот и порталот Република, а подоцна и во Телевизија Нова. Арсовски има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.