Стоилковски: Предлогот за пристапување кон измена на Уставот ги крши темелните вредности на уставниот поредок

Сподели

„Има најмалку 30 причини зошто однесувањето на оваа криминална власт се оценува како насилство над демократијата, насилство над уставниот поредок, насилство врз волјата на граѓаните.

Покрај тоа што се крши волјата на граѓаните, предлогот за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците во Собранието на Република Македонија, бидејќи истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од Уставот“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.