Столтенберг: НАТО не сака војна со Русија, ние не сме дел од овој судир

Сподели

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО не сака војна со Русија.

Зборувајќи во Брисел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки, Столтенберг изјави дека НАТО е „одбранбен“ сојуз.

“НАТО е дефанзивен пакт и наша цел е да ги чуваме нашите 30 земји-членки безбедни. НАТО е „одбранбен“ сојуз и ние не сме дел од овој конфликт. Имаме обврска овој конфликт да не ескалира надвор од границите на Укриана. НАТО не бара војна со Русија”, – изјави Столтенберг од Брисел.

Тој додаде дека сојузниците се согласни дека не треба да има авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор, како и дека војска на алијансата не треба да има на украинска почва. Одговорноста на Алијансата е да осигура дека воениот конфликт во Украина нема да се прошири надвор од нејзината територија. Го повикуваме Путин да ги прекине воените дејствија и да ги повлече сите сили од Украина без никакви услови и да започне преговори, изјави Столтенберг.