Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија на три недели пред најавениот референдум за промена на името на земјата и нејзиното членство во Алијансата.
Столтенберг ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници.