Перспективите на институциите за постигнување глобална вклученост на Западен Балкан, состојбите на пазарот на капитал во тој регион и можностите за унапредување на прекуграничната соработка, ќе бидат теми на конференцијата „Иднината на Балканот – кон глобална вклученост“, која ќе се одржи денеска во Тирана.
На конференцијата е најавено учество на претставници на Стопанската комора на Македонија, како и од останатите комори од државите од Западен Балкан, директорите на берзите од регионот, а меѓу учесниците се и претседателот на Албанија Илир Мета и албанскиот вицепремиер Сенида Меси, соопшти Стопанската комора на Македонија.
На последниот панел, кој ќе биде посветен на прашањата за активностите на Коморскиот инвестициски форум, унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес, со цел зголемување на просперитетот на регионот преку одржлив раст, ќе учествува и Татјана Штерјова, национален координатор на Коморскиот инвестициски форум во рамки на Стопанската комора на Македонија