Стопанската комора на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на штедењето

Сподели

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето.

На најдобрите службеници во банките и штедилниците ќе им бидат доделени плакети за постигнатите резултати во вршењето на работните активности.

На седницата најавено е обраќање на претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски, министерот за финансии Драган Тевдовски и на гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.