СТОТИЦИ НЕОБЕЛЕЖАНИ ГРОБОВИ

Сподели

КАДЕ СЕ ПОГРЕБУВААТ МИГРАНТИТЕ КОИ НЕ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ПАТОТ?

Повеќе од 1.250 мигранти, неименувани мажи, жени и деца се погребани во необележани гробници на различни гробишта ширум Турција, Грција и Италија, во претходните две години.

Станува збор за мигранти кој во поголем број загинале при обид да го поминат Mедитеранот, како би стасале до Европа, покажува истражувањето кое го спроведе минативе две години BBC. Повеќето од нив не се пронајдени и се смета дека нивните тела се во длабоко во морињата или се исфрлени на некои од грчките, италијанските и турските плажи и копна, изјавуваат од меѓународната организација IOM.

Спрема истражувањето кое го спровело BBC, во просек по 10 луѓе дневно загинуваат во обидот да се помине Медитеранот, а најмалку по еден човек дневно се погребува на страна територија и непознато место.

Истражувањето на BBC е фокусирано на добиените податоци од властите во Италија, Грција и Турција. Се верува дека повеќето од телата пронајдени на јужниот Медитеран, на патот кон вропа, се погребани во гробници во Либија. Во Турција, Килиос и Истанбул има 880 необележани гробници со НН тела.

Најголемите потопувања и смртност до сега се сметаат на патот од Северна Африка до Лампедуза во Италија.

Мигрантите самоиницијативно ги користат социјалните мрежи, на кои ги објавуваат своите фотографии по пат, фотографиите на погинатите, со што би помогнале со информациите за нивниот живот, пишува BBC.