Најголемиот проблем на корисниците на мобилни телефони во 21. век е брзото празнење на батеријата. Група на студенти од факултетот за технички науки во Нови Сад престанаа да чекаат што ново ќе направи ИТ индустријата за наоѓање на трајно решение за овој проблем и ги зедоа работите во свои раце, така што направија пренослив полнач кој работи на сонце.
„Притиснете го копчето два пати и ќе се покаже состојбата на нашата екстерна батерија, потоа ја вклучуваме на телефонот којшто почнува да се полни. Практично, изворот е скоро неограничен додека има сонце. Има доволен капацитет да може еден телефон да се наполни два до три пати“, вели Лазар Петровиќ, студент на факултетот од Нови Сад.
Оваа екстерна батерија може да полни и на 220V и на соларна енергија, со што може да биде решен проблемот со празните батерии на телефоните во секое време.
Соларниот полнач е изум на организација на студенти од повеќе насоки од овој факултет.
Нивниот ментор вели дека иако веќе постојат слични производи на светскиот пазар, тие се премногу скапи, а големите компании секогаш бараат поевтини решенија и талентирани луѓе.