Студентскиот пленум објави вкупно девет предлози кои ги поднеле до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чија цел е да направат суштински промени во студентското организирање на УКИМ. Сите предлози се одбиени, а образложенијата и последиците доколку не се направат промени, се објаснети во сликата подолу.
„По скандалозните избори за претседател на СПУКМ беше оформена комисија која требаше да изготви нов модел на студентското организирање. Комисијата излезе со два концептуално спротивни предлози: еден кој цели СПУКМ да остане невладина организација, односно да се задржи постоечкиот модел, и друг кој предвидува суштински измени на Статутот (односно СПУКМ да биде дел од УКИМ), објаснуваат од пленумот.
Ректорот Јанкуловски формираше Ректорска комисија со мандат да направи еден предлог од двата концептуално спротивни предлози на комисијата формирана од Сенатот на УКИМ. Предлогот на Ректорската комисија се тврди дека е комбинација на двата предлози.