Судиите контра СЈО: Квазиексперти, шоумени, незнајковци, нецивилизирани, некултурни

Сподели

SJO-Screenshot-Alsat-M-tv

Основниот суд Скопје, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет деновиве преку соопштенија и изјави на нивни претставници разменуваат „непријателски оган“ со Специјалното обвинителство и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Во овие преписки се користат зборови како: квазиексперти, шоумени, непрофесионалци, незнајковци, непријатели, неисполнителни, разочарани, нецивилизирани, некултурни, со двојни аршини…

Кривичен суд за Специјалното јавно обвинителство (СЈО):

Има двојни аршини;
Дава некомплетни („неуредни“) предлози;
Се повикува на погрешен член од Законот за кривична постапка (ЗКП) (Во суштина кога ќе се види законот, ваква одредба не постои, велат од КС);
Квазиексперти и „професионалци“ го претвориле правосудниот систем во шоу-парада;
Со „длабоко незнаење“;
Сите предлози доставени од нивна страна дури по трипати ги враќа на корекција.

СЈО за Судот:

Судот има непријателски став;
Судот има двојни аршини;
Искрено сме разочарани од ваквиот тип на известувања на судот;
Нејасно е ако имаме иста кауза, зошто да имаме непријателски однос;
Начинот на известување не е во ред;
Нема потреба во соопштенија судот да дава такви непријателски коментари.

Судскиот совет за СЈО (Претседател Зоран Караџовски):

Изјавите на Јанева се крајно неетички, нецивилизирани и некултурни;
Изјавите на Јанева се директно во функција на рушење на целото судство;
Некои структури сакаат на судството да му импутираат дека фаќа некаква политичка страна;
Јанева ги навредува сите судии во Македонија.

Совет на јавни обвинители за Јанева (Обвинител Зоран Сулејманов):

Таа е непрофесионална;
Не си ги извршува своите обврски и не сака да одговара на прашањата;
Таа е неисполнителна и зборува само за тоа што таа сака да зборува;
Не покажува никакво почитување кон Советот;
Тој на Јанева ѝ рече дека „некои работи ќе се обиде да ѝ ги објасни како што им објаснувал на неуките странки кои доаѓале кај него и се жалеле“;
Јанева ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена.

meta.mk