Судијката Габер-Дамјановска најквалификувана од македонските кандидати за во ЕСЧП

Сподели

path_1457

Уставната судијка, Наташа Габер-Дамјановска е најквалификувана од тројцата македонски кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, пишува „НоваТВ“.

Кандидатите од Македонија биле интервјуирани на 29 и 30 септември, а Комитетот за избор на судии му предложил на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за судија од Македонија да ја избере Наташа Габер-Дамјановска.

За замена на судијката Мирјана Лазарова-Трајковска чиј мандат во ЕСЧП истекува во јануари, Министерството за надворешни работи ги предложи јавниот обвинител Јован Илиевски, уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски.

meta.mk