Судири пред амбасадата на Русија во Киев

Сподели

screenshot

По нападот на амбасадата на Русија во Киев, кој се случи во петокот вечер,  денеска група млади лица се обиде да го блокира влезот во амбасадата, јавуваат украинските медиуми.

Неколку лица се обиделе да го блокираат влезот на зградата, а потоа почнале да ја туркаат оградата. Дошло и до судир со безбедносните сили во кои еден од напаѓачите е приведен.

Полицијата ја опколи зградата и не им дозволува на демонстрантите да стигнат до објектот на амбасадата.
Украинската полиција соопшти дека обезбедувањето на руската амбасада во Киев утринава било зголемено поради парламентарните избори во Русија.

meta.mk