Судењето за насилствата пред општина Центар се одложи бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд.
Овој суд одлучува по жалбите на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, што ги поднесоа за казните од по 2.000 евра што им беа изречени на едно од рочиштата на ова судење.
Во Судот се појавија првообвинетите, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова, ако и оштетените во овој случај.
-“Очигледно дека постои договор меѓу судот и одбраната со единствена цел за одложување на рочиштето, а на тоа упатува околноста што списите од предметот се наоѓаат во апелациониот суд, а беа присутни сите обвинети што не се случило долг период. Иако побаравме објаснување за доставувањето на списите, не добивме одговор, – изјави Фатиме Фетаи.
Фатиме Фетаи рече дека СЈО работи и до крајот на неделата ќе ја известат јавноста до каде се постапките кои тие ги водат.