Специјалниот суд во Белград го отфрли како неоснованo барањето на Црна Гора за екстрадиција на српскиoт државјанин Предраг Богиќевиќ, кој Обвинителството во Подгорица го сомничи дека учествувал во планирање терористички акт во пресрет на парламентарните избори минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
За ова решение не постои право на жалба, но по службена должност ќе биде проследено за конечна одлука до Апелациониот суд во Белград, кој неодамна правосилно одби да го екстрадира Немања Ристиќ, кој Црна Гора го бара за истите сомненија како и Богиќевиќ.
Во соопштението од судот се прецизира дека кривичниот совет на Специјалниот суд донело одлука со која го отфрла како неосновано барањето на Министерството за правда на Црна Гора за екстрадирање на Богиќевиќ поради кривични дела создавање криминална организација и тероризам во обид.
Советот ги зема предвид соодветните одредби од Законот за меѓународна правна помош во кривичната материја, Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, како и одредбите од Договорот меѓу Србија и Црна Гора од 29 мај 2009 година, кој предвидува дека нема да се одобри екстрадиција на лица, доколку кривичното дело за кое се екстрадираат е извршено на територијата на замолената држава.
„Врз основа на релевантните прописи и фактичката состојба од уредбата за спроведување истрага на Специјалниот државен обвинител на Црна Гора произлегува дека Богиќевиќ преземал дејствија на територијата на Србија, па во овој случај не се исполнети претпоставките за негова екстрадиција“, заклучи Белградскиот специјален суд.
Богичевиќ, по месец и половина во притвор, на 24 февруари беше ослободен од притвор одлуката за екстрадиција да ја чека на слобода, со мерка забрана за напуштање на територијата на Крагуевац и обврска за пријавување во полицијата во Крагуевац.
Црна Гора ги бара Ристиќ и Богиќевиќ за кривично гонење во рамките на спроведување истрага од страна на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора за организирање криминална група и за тероризам во обид.
Богиќевиќ и Ристиќ беа уапсени во Крагуевац и во Белград на 13. јануари, по меѓународна потерница од Црна Гора.