Судот во Русија ја забрани социјалната мрежа „Линкдин“

Сподели

linkedin

Судот во Русија донел одлука со која ја забранил социјално-деловната мрежа „Линкдин“ (LinkedIn), поради кршење на законот за чување на податоците на корисниците.

Како што јавуваат светските агенции, градскиот суд во Москва ја одбил жалбата на компанијата на пресудата на окружниот суд, во која било наведено дека мрежата го прекршила законот кој предвидува дека податоците на државјаните на Русија мора да се чуваат исклучиво на руски сервери.

Од градскиот суд во Москва соопштиле дека „Линкдин“ има право на жалба на денешната одлука.

Тужбата против популарната социјална мрежа за деловни контакти ја поднела Федералната служба за надзор на комуникациите – „Раскомнадзор“.

Интернет-страницата на „Линкдин“ и понатаму е достапна во Русија, а претставникот на „Роскомнадзор“, Вадим Ампелонски, навел дека социјалната мрежа ќе биде блокирана веднаш штом го добијат решението од судската пресуда, најверојанто следната недела.

meta.mk