Со повлекувањето и повторното пуштањето на нов закон за формирање на универзитет „Дамјан Груев“, само овој пат со плус три факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование, Олга Најденовска, е основана, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координаторот на пратеничката група на СДСМ
– Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски. Незаконската работа на ВМРО-ДПМНЕ потроши многу пари на граѓаните за неделовнички седници на Комисијата за образование. Ваквото класично шверцерско носење закон за формирање универзитет по скратена постапка е уште една голема потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ најважно ѝ е да ги вдоми своите партиски војници, а воопшто не ѝ е важно образованието во Република Македонија – рече Сугарески.
http://meta.mk/sugareski-na-vmro-dpmne-mu-e-vazhno-samo-da-gi-vdomi-partiskite-kadri/