Сугарески: Нов тендер за субвенционирање на нискобуџетни авиокомпании

Сподели

Новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании ќе биде објавен деновиве, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Минатата недела беше поништена постапката во делот на нискобуџетните компании, бидејќи имаше пристигнато една понуда и комисијата, врз база на пропусти, понуди решение со кое постапката е поништена. Наредните денови со информација на Влада и сите активности коишто треба да ги преземе Министерството за транспорт и врски ќе биде распишан нов јавен повик. Државата има предвидено пари за нискобуџетни компании, така што стојам зад она што го кажав, дека согласно владината програма оваа мерка продолжува и државата ќе субвенционира нискобуџетни компании – рече Сугарески.

На официјалната веб страница на авиокомпанија „Визер“ повеќе не може да се резервираат билети за летови од октомври од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. Билети не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска за летови по 16 септември.