Свечена Велигденска литургија во соборниот храм Св.„Климент Охридски“

Сподели

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски,  денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје.

Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм.