Денеска во Пекинг официјално почнуваат Зимските олимписки игри. Церемонијата на свеченото отворање ќе почне во 12:55 часот по средноевропско време на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година.
Оваа година учество ќе земат oколу 3.000 спортисти од 91 држава, кои ќе се натпреваруваат во 109 различни категории од вкупно 15 зимски спортови.
Претставници од Македонија се Ана Цветановска и Ставре Јада во категоријата нордиско трчање и Дардан Дехари во алпско скијање. Честа да го носи македонското знаме на свеченото отварање ќе ја има Дардан Дехари.
Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка. Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време.
Честа да го носи македонското знаме на стадионот „Птичје гнездо“ ќе ја има Дехари.
24-тото издание на Зимските олимписки игри завршува на 20-ти февруари.