Свечено врачување на наградата „Роман на годината“

Сподели

 

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер (30 мај), со почеток во 20 часот, свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“. Лауреат на наградата е романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Ламина“.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуета (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150 000 денари. На свеченоста во МСУ ќе настапи џез-бендот на Гоце Стефковски.