Учениците од трето одделение од основните училишта Невена Георгиевска Дуња и Кузман Јосифовски Питу и Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“ од скопската општина Кисела Вода ја посетија ЈП Лајка и заедно го одбележаа Светскиот ден на бездомните животни.
“Нашата цел беше да ги запознаеме најмладите со работата на ЈП Лајка, разговаравме за тоа како токму кучето е најверниот човеков пријател, како заедно сите да се бориме да има што помалку бездомни кучиња, како сите можеме да допринесеме за иднина со 0 бездомни животни.
Научија како да се биде одговорен сопственик, кои се придобивките од кастрација и стерилизација и зашто е поблагородно да се вдоми куче, а не да се купи.
Со овој настан од едукативен карактер, а преку дружба со кучињата од нашето прифатилиште ЈП Лајка цели да придонесе во создавањето на одговорни и хумани граѓани, одговорно и хумано општество за сите и да ја подигне свеста за вдомување наспроти купување на домашен миленик.
Учениците исто така имаа можност да се запознаат со работните процеси на Јавното Претпријатие Лајка и средношколците поттикнавме желба за волонтирање во нашето претпријатие.”
Во наредните денови активноста ќе продолжи и со ученици од Општина Центар и останатите скопски општини.
Сакаме да се заблагодариме на наставниците и дечињата од училиштата кои изразија интерест и желба да бидат дел од нашата хумана мисија.
И особена благодарност до ЈСП кои со задоволство ни излегоа во пресрет и го поддржаа нашиот настан со превезување на учениците.