СЗО: 11% од лековите во земјите во развој се фалсификувани

Сподели

Светската здравствена организација соопшти дека околу 11% од лековите во земјите во развој се фалсификувани.

Како што наведуваат од СЗО, таквите лекови веројатно се причина за смрт на десетина илјади деца од болести како што се маларија и воспаление на белите дробови.

Ова е прв обид СЗО да направи проценка и да го разгледа овој проблем, јавуваат светските агенции.
Експертите разгледале 100 студии за повеќе од 48.000 лекови. Речиси 65%  од фалсификуваните лекови се медикаменти за лечење маларија и бактериски инфекции.

Научниците кои ги ангажирала СЗО од Универзитетот во Единбург проценуваат дека меѓу 72.000 и 169.000 деца починале од воспаление на белите дробови затоа што примале лажни лекови.

meta.mk