Тачи: Оваа година ќе постигнеме историски договор со Србија

Сподели

Косово очекува во текот на оваа година да ги реши значајните прашања со Србија преку постигнување на историски договор, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи.

– Договорот меѓу Косово и Србија кој верувам ќе биде постигнат во 2018 година, ќе биде историски и сеопфатен и ќе резултира со членство на Косово во ОН, смета Тачи.

Во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува Танјуг, Тачи наведува дека договорот меѓу Косово и Србија треба да доведе до целосна нормализација на односите, иако можеби двете страни нема да се признаат меѓусебно како независни држави.

Осврнувајќи се на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, Тачи нагласува дека неговото формирање претставувало „историска неправда“, но дека Приштина се согласила да го создаде „заради зачувување на стратешкото партнерство со САД, ЕУ и НАТО“.

Запрашан што би сторил доколку биде повикан  пред Судот како сведок или обвинет, Тачи во интервјуто вели дека ниту тој како претседател, ниту кој било граѓанин на Косово нема причини да се плаши.

– Ние никогаш не ги прекршивме косовските, ниту меѓународните закони. Се боревме против диктатор и човек кој изврши геноцид, нагласи Тачи, мислејќи на поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ.