Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ денеска донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија. Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски а ја прими Д-р Дејан Докиќ директор на Клиниката […]