Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој вчера ја погоди Босна и Херцеговина, беше почувствуван и во земјава. Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7. Бил почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и […]