На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски и претседателката Новак одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи […]