“ТАНЕЦ” и Влатко Стефановски во Хераклеја

Сподели

 

По успешниот концерт на Танец и Влатко Стефановски во Скопје, во ноември годинава и големиот интерес за нивен настап надвор од земјава, неизостaвно е овој врвен проект да прозвучи и на домашните летни сцени.

Концертот на Хераклеа во Битола е закажан за 27 јули, а ќе се одржи во рамките на традиционалната манифестација „Илинденски денови“. Два дена подоцна, на 28 јули, ќе се одржи концерт и на Античкиот театар во Охрид за 28 јули.

Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на Танец, се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно, во рамките на проектот „Танец и Влатко“овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужено го живее својот продолжен концертен живот, дома и надвор од границите на земјата.