Горд сум што Гостивар веќе го има еден од најдобрите центри на Балканот, посветен на овие лица, изјави Таравари на Светскиот ден на аутизмот.
Се чувствувам горд што Гостивар има еден од најдобрите центри на Балканот посветен на овие луѓе. Овој центар, кој се реализираше како проект на Општината со помош на прекрасни луѓе кои без никакво двоумење донираа пари, е најдобар пример колку многу можеме сите заедно!
Нека биде Гостивар град на инспирација за сите други, бидејќи никогаш не е доволно да се помогне. Симболичната боја на аутизмот е Сината.
Нашата посветеност и љубов кон овие луѓе нека бидат неограничени како Синото небо.