“ТАРГЕТ-ТВРДИНА”: Јанкуловска ослободена, на Мијалков му застаре делото

Сподели

Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство, за за случајот „Тврдина“, т.е. злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.

Горан Грујевски доби 14 години и шест месеци казна затвор, Никола Бошковски казна затвор од 9 години и 10 месеци, Тони Јакимовски три години затвор, Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.

Обвинетата, Гордана Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува, рече судијата Трпков.

За поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, настапила апсолутна застареност за кривичното дело.

Случајот со нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ започна во јуни 2017 година и е најголемиот случај со незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани кои со тоа биле држени во заложништво, а со тоа и самата држава и целокупниот општествен живот.