Таткото на Алмир: Судот уште еднаш го уби Алмир

Сподели

Денеска во Основниот суд во Куманово повторно имаше судски процес за случајот со четиригодишниот Алмир.

На обвинетиот Бобан Илиќ повторно му беше досудена затворска казна од 6 години. Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.

Таткото на малиот Алмир изјави дека со ова одлука судот уште еднаш го уби Алмир.

Убиството на Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 година во Куманово како резултат на претходна тепачка помеѓу родителот на Алмир, Седат Алиу и Бобан Илиќ заедно со неговиот брат Бојан Илиќ