Универзитетската клиника за психијатрија ги информира граѓаните дека поради ситуацијата со Ковид-19 ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна.
Граѓаните од утре на овие телефони може да се јават од 9 до 16 часот за да побараат психолошка поддршка:
– Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676
– Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009
– Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807
– Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).
– Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.