Пред денешното важно гласање во британскиот парламент, премиерот на Велика Британија, Тереза Меј вети дека ќе се консултира со пратениците за условите на Брегзит пред Лондон да го направи конечниот договор со Европската унија.
Отстапката одговара на барањето на многу проевропски пратеници. Британската Влада сепак предупреди дека ако пратениците ги отфрлат условите на Брегзит, тоа нема да ја спречи Велика Британија да излезе од ЕУ.
Денескаа 650 пратеници во Долниот дом на парламентот ќе одлучат дали да и дадат на Тереза Меј овластување да ја активира процедурата за излез од ЕУ.
Потоа текстот ќе биде пратен во Домот на лордовите.
Меј вети дека до 31 март ќе го активира членот 50 од Договорот од Лисабон, што предвидува почеток на двегодишни преговори за напуштање на ЕУ.