Терорист убиен на главната железничка станица во Брисел. Напаѓачот, кој носел појас со експлозив и планирал да се саморазнесе на главната железничка станица во Брисел, е мртов, објавија вечерва белгиските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, централната железничка станица и метро станиците во главниот град на Белгија се затворени и евакуирани, а автобуските линии се пренасочени. Реоните околу плоштадот Гранд Плац и на главната железничка станица се блокирани.
Јавната телевизија на француски јазик РТБФ информира дека напаѓачот, кој бил застрелна од патрола на белгиската војска, им подлегнал на серизоните повредите.
Според сведоци на настанот, тој носел појас со експлозив и бил придружуван од две лица кои се во бегство.
Засега нема дополнителни информации, но во Брисел во сила е општо предупредување.
Во исто време, белгиската полиција испрати официјално соопштение преку социјалната мрежа Твитер, во кое само информираа дека „се е под контрола“ и побара да се следат информациите за железничкиот и метро сообраќај во земјата и во главниот град.