Терористички напад во Истанбул

Сподели

Во близина на стадионот Водафон Арена во населбата Бешикташ во Истанбул се случи експлозија, јавуваат турските медиуми. Според добиените информации, експлозијата била во близина на квартот Мачка, близу стадионот Водафон Арена, во 20.30 часот.

По завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Бешикташ и Бурсаспор од Супер Тото Супер лига на Турција се случила експлозија во која се ранети полицајците кои ја извршувале својата должност во обезбедувањето на натпреварот.

Според првичните вести, загинати се минимум 15 луѓе и тоа сите полицајци, а уште 10-тици се повредени. Среќа е тоа што бомбите експлодирале откако делумно се расчистил метежот кој бил за време на фудбалскиот тим.

Според некои информации нападот бил врз стратешките места на полицијата во Истанбул, а други велат дека тоа требало да се случи додека траел натпреварот, што секако би довело до многу повеќе жртви.

Началникот на полицијата на Истанбул, Мустафа Чалишкан изврши увид на самото место на терористичкиот напад.

Се врши контрола на сообраќајот во населбата Бешикташ и неговата околина.