Билјанини Извори, 14 Август
URBAN ATTACK НА ОХРИД!
КОНЕЧНО THE PRODIGY НА OPEN AIR КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА- OHRID CALLING 2016!
Почитувани,
Oгромно задоволствo ни е да ве информираме дека еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
На првото издание на Ohrid Calling oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња.
The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „The Day Is My Enemy“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.
The Prodigy имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“…
Како што деновииве тие најавија, за момците од The Prodigy можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.
Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16-ти мај) точно во 09 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот.
Одиме понатаму,
Авалон продукција